Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, January 22, 2014

ЦЕРИПАШИНА ВЕРТИКАЛ К #3 (12.01.2014)

За разлика од претходните два пати овој вертикал километар се одржа по снег. И за прв пат како организатори се појавија ПСД Макпетрол и здружението TREX. За среќа немаше премногу снег и движењето не беше премногу отежнато а некои делови беа и малку подмрзнати па бараа дополнителен прибор како мини крампони. Временските услови и овој пат идеални како за вакво натпреварување. За медиумската покриеност на овој настан се погрижи ТВ КИСС од Тетово за што емитуваа и прилог. Бројот на натпреварувачи видно зголемен за разлика од претходните два настана што осебено радува. Како и на претходниот Церипашина вертикал К #2 најбрз беше Марјан Бонев со одлично време од 59:13. Во женска конкуренија пак најбрза беше Светлана Стојаноска со време од 1:39:45.

Ден претходно ја измаркиравме патеката
Вечерта пријвавуање на пристигнатите во ПД Смрека
Јовица пред целта
Светле кон финишот и Марјан на слегување
„Неофицијални“ резултати


No comments:

Post a Comment